На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,2 отсто во првиот претпладневен пресек од тргувањетои е на пат кон седмични добивки. Истовремено, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,19 отсто, на 9.730 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,33 отсто, на 23.965 поени, а парискиот CAC за 0,25 отсто, на 8.140 поени.

Растот на индексите главно се должи на скокот на цените на акциите во рударскиот сектор, за 1,3 отсто, бидејќи цената на бакарот достигна рекордно ниво.

Цените на акциите, исто така, благо пораснаа на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, порасна за 0,1 отсто во истиот термински пресек како и во Европа, и е на пат кон седмичен раст од околу 0,5 отсто. Цените на акциите во Хонгконг, Австралија, Индија, Шангај и Јужна Кореја пораснаа за меѓу 0,2 и 1,5 отсто, додека во Јапонија паднаа за околу 1,0 отсто.

Падот на јапонскиот индекс Nikkei главно се должи на корекцијата на цените на акциите во технолошкиот сектор, по силниот раст во претходните денови. Во Јужна Кореја, од друга страна, индексот Коspi порасна бидејќи технолошките акции се опоравија, по остриот пад претходниот ден.

Сепак, тргувањето и во Европа и во Азија е претпазливо, како што беше вчера на Волстрит, кога индексот Dow Jones благо падна, додека S&P 500 и Nasdaq малку пораснаа. Тргувањето на најголемата берза во светот веќе со денови е претпазливо, бидејќи речиси сите најнови податоци покажуваат дека растот на американската економија забавува и дека пазарот на трудот слабее.

Затоа, инвеститорите веруваат дека американската централна банка дополнително ќе ги намали каматните стапки за 0,25 отстотни поени на состанокот следната седмица, како што направи во септември и октомври.

Нема други големи вести што би влијаеле значително на пазарот, а извештајот за инфлацијата ќе привлече поголемо внимание во петок. Инфлацијата во САД е сè уште далеку над целното ниво на Fed од околу 2 отсто, па новите податоци ќе покажат колку простор има Fed за олабавување на монетарната политика.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица