Лондонската божикна елка која на Велика Британија традиционално и ја поклонува Норвешка, вечерва ќе биде осветлена на Трафалгар сквер. Елката симболизира пријателство меѓу Лондон и Осло во церемонија која потсетува на историјата на сојузништво меѓу двете земји.
Норвешкото движење за ослободување во текот на Втората светска војна дејтсвуваше од Лондон, а Би БИ Си емитуваше вести на норвешки кои беа тајно слушани од норвешките граѓани. Во знак на благодарност градските власти на Осло во 1947 воведоа традиција на Лондон да му поклонува божикна елка.
Овогодишната елка наречена „Вечниот Осло“ е висока околу 20 метри и е стара 60 години.
Слични новости
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија
Почина американски архитект Френк Гери
Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст


