Милвоки Бакс синоќа го победија водечкиот тим на Истокот Детроит Пистонс со 113:109 и тоа без Јанис Адетокумбо кој се повреди на почетокот на натпреварот.

Грчкиот крилен центар на теренот мина само три минути по што го истегна мускулот на десната потколеница и беше упатен во болница на снимање. Тренерот на Милвоки Док Риверс изјави дека магнетната резонанца потврдила дека е исклучена повреда на ахиловата тетива.

За Адетокумбо сеуште се актуелни вести за можен трејд од Милвоки, но тренерот на клубот Док Риверс категорично демантираше дека се водат такви разговори. „Јанис никогаш не побарал трејд, не можам тоа појасно да го нагласам“ истакна Риверс.

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0