Арсенал продолжи да ги дообива мечевите „кои мора да се добијат“, оние од категоријата „мали мечеви“ на кои всушност се освојуваат титулите.
По ремито со градскиот ривал Челси, Арсенал го победи Брентфорд на својот стадион со 2:0 и сега води во Премиер лигата со 33 бодови, пет повеќе од вторпласираниот Манчестер сити.
Домаќинот поведе веќе во 11-тата минута со гол на Микел Мерино, по одлична акција на Мадуеке и Вајт. Победата ја потврди Букајо сака на крајот на натпреварот.
Лоша вест за Артета е повредата на стоперот Москера, затоа што двата главни стопери Габриел и Салиба се вече повредени.
Во Брајтон беше виден вистински спектакл каде што Астон Вила победи со 4:3. Брајтон водеше со 2:0, но Астон вила направи целосен пресврт за четврта победа во низа, со што се проби на третото место на табелата.
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


