Кошаркарите на Денвер Нагетс утринава загубија од Далас Маверикс и покрај новиот трипл дабл на Никола Јокиќ кој постигна 29 коша, имаше 20 скокови и подели 13 асистенции. Деневер првата четвртина ја отвори со предност од 17 поени разлика, но ја загуби втората со 42:27.

Во решавачките мигови на натпреварот кошаркарите на Денвер промашуваа од отворени позиции, што доведе до серија од 18:5 за Далас која на крајот славеше со 131:121.

Кај Далас најефикасен беше Ентони Дејвис со 32 кошаи 13 скокови, а Рајан Нембхард даде 28 коша и имаше 10 асистенции.

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0