Од утре стартува системот „Безбеден град, безбедна држава“, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци преку камерите на „Сејф сити“. До Нова година ќе трае пробен период – возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни. Од јануари санкциите ќе бидат целосно активни.
Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, најавува нулта толеранција кон прекршувањата, без разлика дали се во населено место или на автопат. Сопствениците на возила ќе добиваат СМС и е-пошта со записник и платен налог. Во првите осум дена ќе може да се плати половина казна, а по истекот – целосен износ.
„Секој сопственик на возило чие прекршување ќе биде документирано, ќе добие СМС и мејл известување со линк, на кој ќе може да преземе записник и платен налог. Од моментот на приемот, тече рок од осум дена за плаќање половина казна. По истекот, износот мора да се плати целосно во следните осум дена, пред да започне постапката за присилна наплата. Казните ќе може да се плаќаат и електронски, а системот веднаш ќе го известува МВР дека глобата е платена. Од МВР појаснуваат дека санкционирањето ќе биде согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој, со последните измени, дозволува документирање на прекршоците со камери, без толеранција и секаде каде што ќе се снима – во град или на автопат“, истакна Андреевски и додаде:
„Во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како: управување на возило со брзина поголема дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила, а во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем“.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


