Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за негова поврзаност со фирмата која добила тендери во вредност од девет милиони евра. Во објава на Facebook напиша дека не е во роднинска врска и не ги познава сопствениците на фирмата „Дигитал оне“, која беше спомената на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

„За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по која и да е основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту, пак, сум имал каква и да врска со државни тендери“, напиша Арсовски.

 

Арсовски обвини за манипулации и побара јавно извинување од СДСМ.

„Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство. За разлика од нив, секој мој прес каде што било изнесено било што како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици. Знам дека сеуште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал. Избори и доверба кај народот не се добиваат со тоа што ќе измислувате непостоечки случаеви и интриги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, туку со напорна работа, реформи и програма“, додава Арсовски.

На денешната прес-конференција Димитријевиќ обвини дека „преку криминални шеми власта испумпува милиони евра народни пари“ и дека државни тендери наводно се доделуваат на фирми блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра. Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра? Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е? И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски,“ кажа Димитријевиќ.

globe

Слични новости

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило