Легендарниот кошаркарски тренер Љељко ОБрадовиќ кој има најмногу титули во кошаркарската Евролига, поднесе оставка на позицијата тренер на Партизан, по серијата слаби резултати во Евролигата, но раководството на клубот не ја прифаќа оставката.
На итната седница на Извршниот и Управниот одбор неговата оставка беше едногласно одбиена, со порака дека се подготвени да му овозможат промени во играчкиот кадар во мерка која тој ја смета за неопходна.
Партизан соопшти дека клубот го контактирал со молба уште еднаш да размисли за неговото заминување од клубот. Партизан тврди дека навивачите му даваат силна поддршка на Обрадовиќ тој да остане на клупата на црно-белите.
Слични новости
НБА: Лејкерс славеа со Дончиќ и Џејмс, 15-та победа по ред за Тандер
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Филаделфија 76ерс со 112:108 на гостински терен синоќа, а Лука Дончиќ и Леброн Џејмс постигнаа заедно 60 поени откако се вратија во поставата
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус


