Ден по тешкиот пораз од 1:4 на домашен терен од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, англискиот фудбалски великан Ливерпул одржа кризен состанок на раководството на клубот.

Главната поента на состанокот беше дали да му се верува уште или не на 47-годишниот холандски менаџер Арне Слот, бидејќи Ливерпул покажува исклучително лоши резултати оваа сезона. Ливерпул моментално е на 12-то место во Премиер лигата со шест победи и шест порази. Истовремено е на 13-то место во Лигата на шампионите по трите победи и двата пораза.

Англиските медиуми известуваат дека на состанокот на Слот му било понудено уште малку време, односно дека мора да ги добие следните три првенствени натпревари доколку сака да ја задржи работата. Ливерпул во следниот период ќе игра на гостувања против Вест Хем и Лидс во Премиер лигата, како и домашен натпревар против Сандерленд. По овие три дуела, „Црвените“ ќе патуваат во Милано на гостување против Интер во Лигата на шампионите.

Во последните три натпревара Ливерпул загуби трипати и секогаш со дури три гола разлика, со по 0:3 од Манчестер Сити и Нотингем Форест и со 1:4 од ПСВ.

Медиумите известуваат дека управата на клубот веќе го контактирало 58-годишниот Германец Јирген Клоп, тренерот кој постигна одлични резултати на „Енфилд“ од 2015 до 2024 година и кој штотуку беше заменет од 47-годишниот Слот.

Постои можност, велат британските медиуми, Клоп да биде привремено решение додека не се направи нов подолгорочен избор.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0