Минатогодишниот шампион на Премиер лигата Ливерпул повторно одигра катастрофален натпревар и загуби во натпревар на својот Енфилд во кој беше апсолутен фаворит.

Медиумите во Англија пишуваат дека Ливерпул по овој пораз е се подалеку од можноста да ја брани титулата, затоа што во последните 7 кола освои само 3 бода и се наоѓа на 11-тото место на табелата.

Од друга страна Шон Дајч кој е трет менаџер на Нотингем Форест оваа сезона, полека го крева тимот на табелата. Нотингем Форест поведе уште во првото полувреме со голот на Мурило во 33. минута.

Во првиот напад во второто полувреме Нотингем Форест поведе со 2:0 со голот на Савона, а конечниот резултат 3:0 кој британските медиуми го опишуваат како сензација 3:0 го постави Гибс Вајт во 78. Минута од натпреварот.

Слични новости