Популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа гостуваше во познат локал во Кавадарци, но настапот бил ненадејно прекинат околу полноќ. Според сведоштва на присутни, објавени од повеќе веб-портали, полицијата влегла во објектот и го прекинала настапот.
Публиката околу половина час чекала повторно да се врати на сцената, но од организаторите било соопштено дека Лукас е однесен во полициска станица. На социјалните мрежи веќе кружат видеа на кои се гледа како пејачот го напушта локалот во придружба на полицијата, обидувајќи се нешто да им објасни на службениците. Дел од фановите на Аца Лукас се собраа пред полициската станица во Кавадарци каде што тој бил одведен.
Полицијата сеуште не ги соопшти причините зошто бил привене Аца Лукас, а неговиот менаџер Саша Мирковиќ во видео порака за инцидентот го обвини премиерот Христијан Мицкоски.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


