Производителот на камиони и автобуси MAN објави дека планира да затвори околу 2.300 работни места во својата матична земја Германија во текот на следната деценија.
Работниците нема да бидат отпуштени, изјави портпаролот на компанијата, туку работните места ќе бидат згаснувани како што вработените ќе се пензионираат. Најголемиот број работни места ќе бидат укинати во главната фабрика на MAN во Минхен, вкупно 1.300, додека фабриките во Залцгитер и Нирнберг ќе изгубат 600 и 400, соодветно. MAN мора да „се прилагоди на континуирано слабиот пазар на камиони во Германија“, рече портпаролот, додавајќи дека работењето на компанијата е оптоварено со скапа електрична енергија и високи трошоци за работна сила и зголемен притисок од азиската конкуренција.
„Влегуваме во фаза на големи инвестиции и мора да бидеме профитабилни во подолг временски период за да го прошириме нашето портфолио на производи“, рече портпаролот.
Синдикатот на металопреработувачите IG Metall, сепак, предупредува дека фабриките во Германија ќе ги почувствуваат последиците од преместувањето на производството во нова полска фабрика под управување на матичната компанија на MAN – „Traton Group“. Плановите ја загрозуваат долгорочната одржливост на главната фабрика во Минхен, нагласи претставничката на синдикатот Сибил Ванкел.
„Никој нема да ги изгуби своите работни места денеска, но на долг рок одлуката на компанијата значи дека камионите MAN во иднина ќе се произведуваат во Полска а не во Минхен“, објасни Ванкел.
Доколку сите делови за камиони се произведуваат во Полска, а потоа се транспортираат во Минхен за склопување, јасно е дека во одреден момент ќе се постави и прашањето за затворање на фабриката за склопување во Минхен, објасни претставничката на синдикатот. Карина Шнур од работничкиот совет на MAN изјави дека е „згрозена“ од однесувањето на компанијата.
„Во ниту еден момент менаџментот не беше подготвен сериозно да разговара за алтернативи на плановите за преместување“, тврди Шнур забележувајќи дека тие претставуваат „шлаканица“ за сите вработени кои вредно работата во фабриката во јужна Германија.
Претставникот на синдикатот IG Metall, Хорст От, најави дека ќе бара преговори од раководството на MAN.
„Ескалацијата нема никому да му помогне, но тие мора да знаат дека ние сме подготвени за тоа“, рече От, без да прецизира какви мерки би можеле да преземат.
IG Metall има „вистинска алатка за секој проблем“, рече претставникот на синдикатот, и од раководството зависи која ќе ја користи, заклучи тој.
Слични новости
Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел
Претпазлив почеток на седмицата на европските берзи
Европските берзи тргуваа претпазливо во понеделник претпладнето, додека инвеститорите чекаат нови вести, а одлуката на Федералните резерви на САД за каматните стапки е во фокусот оваа седмица
Доларот благо падна, благ раст на цените на нафтата
На валутните пазари, вредноста на американскиот доларот во однос на кошничка валути благо падна во претпладневното тргување во понеделникот


