Европските перспективи на земјата, заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната, беа главни теми на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел.
На средбата е потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, на континуитетот во реформските процеси, како и на носењето на законите што се составен дел од пристапниот процес.
Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, еврокомесарката Кос на средбата изразила поддршката за македонскиот европски пат и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.
Муцунски вечерва присуствува на неформалната вечера што за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата од Западниот Балкан ја организира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
За утре е предвидено, Муцунски заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да имаат средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалиф.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


