Американскиот рапер Еминем поднесе тужба против австралиската компанија за опрема за плажа под назив „Swim Shady“, тврдејќи дека нејзиното име е премногу слично на неговиот заштитен рап псевдоним Slim Shady.
Како што објави BBC во вторникот, во септември Еминем, чие вистинско име е Маршал Би Матерс III, поднел формално писмено барање до американското Биро за патенти и трговски марки, барајќи поништување на заштитниот знак доделен на споменатата компанија.
Според американскиот закон, компанијата мора да одговори на барањето до следната седмица. Адвокатите на 53-годишниот рапер го обвинија брендот со седиште во Сиднеј за создавање „лажни асоцијации“ со Еминем.
Менаџментот на „Swim Shady“ изјавил за BBC дека ќе „ја брани својата вредна интелектуална сопственост“.
Името на компанијата е регистрирано во септември 2023 година кај австралискиот бизнис регулатор и првично е лансирано под името Slim Shade. Официјално е лансирано во 2024 година. Брендот продава чадори за сонце, чанти и друга опрема за плажа.
Претходно годинава, брендот поднесе барање за заштита на трговскате марка „Swim Shady“ во САД, кое беше одобрено во тоа време. Сепак, набрзо потоа правниот тим на Еминем поднесе барање за понишување. Еминем, исто така, поднесе приговор за називот на брендот и во Австралија.
Судските документи покажуваат дека Еминем го регистрирал името Slim Shady како трговска марка во САД во 1999 година, кога го издаде истоимениот албум. Но во Австралија називот „Slim Shady“ го регистрирал дури во јануари 2025 година.
Еминем се здоби со слава во 2000 година, кога го издаде хит синглот „The Real Slim Shady“, кој му донесе Греми за најдобра рап соло изведба. Неговите адвокати рекоа дека името станало „препознатливо и добро познато“ и е исклучиво поврзано со неговата рап кариера.
Слични новости
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.


