Италијанецот Јаник Синер ја одбрани титулата на АТП Финалето во Торино. Како и минатата година, тој го освои завршниот турнир во годината без да изгуби сет, а во финалето го победи светскиот тенисер број еден, Шпанецот Карлос Алкараз, со 7-6 (4), 7-5 по два часа и 15 минути одличен тенис.
Ова беше 16-то соочување меѓу Синер и Алкараз и шеста победа на италијанскиот тенисер. Само оваа година, Синер и Алкараз се сретнаа во три финалиња на Гренд-слем турнири и во завршниот меч на АТП финалето. Шпанецот славеше на Ролан Гарос и на Отвореното првенство на САД, додека Италијанецот го освои Вимблдон, а сега и АТП Финалето.
Слични новости
Ескалира конфликтот во Ливерпул меѓу Арне Слот и Мохамед Салах
Медиумите известуваат дека Арне Слот нема да го стави Салах на списокот на фудбалери што ќе отпатуваат во Милано каде што Ливерпул игра меч од Лигата на шампионите против Интер.
Реал Мадрид во дербито на Лигата на шампионите против Манчестер сити без шестмина дефанзивци
Едер Милитао доживеа потешка повреда,, а претходно беа повредени Дани Карвахал, Трент-Александар Арнолд, Дин Хаусен, Ферлан Менди и Давид Алаба.
НБА: Лејкерс славеа со Дончиќ и Џејмс, 15-та победа по ред за Тандер
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Филаделфија 76ерс со 112:108 на гостински терен синоќа, а Лука Дончиќ и Леброн Џејмс постигнаа заедно 60 поени откако се вратија во поставата


