Министрите за надворешни работи на Европската унија следната седмица ќе разговараат за предлогот блокот да преземе водечка улога во обуката на 3.000 палестински полицајци за подоцнежно распоредување во Газа, објави Reuters во петокот повикувајќи се на документ во кој умал увид.

Во документ изготвен пред министерскиот состанок на 20-ти ноември, кога е планирана донаторска конференција за Палестинската самоуправа (PA), официјалните лица ги наведоа опциите за придонес во спроведувањето на планот од 20 точки за Газа предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.

Израел и палестинската милитантна група Хамас се согласија за првата фаза од планот во октомври, но спроведувањето на натамошните делови од договорот останува многу неизвесно.

Во документот, Европската служба за надворешни активности ги наведува предлозите за проширување на двете цивилни мисии на блокот во регионот, кои се фокусираат на гранична помош и поддршка за полициските и правосудните реформи на Палестинската самоуправа (РА).

Мисијата за поддршка на полицијата на ЕУ би можела „да ја преземе водечката улога во обуката на палестинските полициски сили во Газа преку обезбедување директна обука и поддршка на приближно 3.000 палестински полицајци (на платен список на Палестинската самоуправа) од Газа, со цел обука на сите 13.000 припадници на Палестинските полициски сили“, се вели во документот.

Се разгледува и проширувањето на цивилната мисија на ЕУ за следење на границите во Рафа на други гранични премини.

Сепак, изгледите ЕУ да постигне напредок со овие иницијативи остануваат нејасни.

Мисијата на ЕУ за следење на граничниот премин Рафа, меѓу Појасот Газа и Египет, првично беше основана во 2005 година, но беше затворена откако Хамас ја презеде целосната контрола врз енклавата две години подоцна, откаково 2006 година победи на сепалестинските избори а следната година ја протера од енклавата владата на Палестинската самоуправа ппредводена од движењето Фатах со која претходно ја делеше власта во Појасот Газа.

globe

Слични новости

Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата

Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата

Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година

Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК

Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК

Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија