Управата за финансиска полиција до Основното јавнообвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот градоначелник на Сарај Блерим Беџети и седум други лица поради несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.

Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште, спротивно на законските прописи, а надзорниот инженер извршил технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со невистинита содржина.

На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, како и несовесновршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниотсубјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ с. Глумово, Скопје – Сарајда се стекне со противправна имотна корист во износ од  108.638.840 денари.

 

Слични новости

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило