Дијамантскиот брош и големиот зелен драг камен што му припаѓаа на Наполеон се продадени на аукција во Женева по многукратно повисока цена од тоа што се очекуваше.

Пред аукцијата на Сотби, брошот со дијамант од 13 карати беше проценет на 200 000 швајцарски Франци, но се продаде за 3,5 милиони Франци или 4,4 милиони долари.

Брошот беше пронајден во една од кочиите што заглавија во калта по битката кај Ватерло, пренесува Шпигел. Накитот три дена по битката му беше предаден на прускиот крал Фридрих Вилијам како воен трофеј.

Дијаманот подолго од два века беше дел од наследството на пруската династија Хоенцолерн.

 

Слични новости

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.