Во четврток во претпладневното тргување цените на акциите пораснаа четврти ден по ред на европските берзи, достигнувајќи нови рекордни нивоа, со завршувањето на затворањето на американската федерална влада.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,2 отсто во претпладневнито пресек од тргувањето, остигнувајќи нов рекорден максимум. Истовремено, лондонскиот индекс FTSE падна за 0,25 отсто на 9.886 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,13 отсто на 24.415 поени, а парискиот CAC скокна за 0,77 отсто на 8.305 поени.

И на повеќето азиски берзи, цените на акциите се зголемија утрово. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, порасна за 0,2 отсто во истиот термински пресек како и во Европа. Во исто време, цените на акциите во Австралија паднаа за околу 0,5 отсто, додека во Јапонија, Индија, Хонгконг, Шангај и Јужна Кореја се зголемија меѓу 0,3 и 0,7 отсто.

Така, во претпазливо тргување, повеќето берзи го следат вчерашниот раст на Волстрит, кога индексот Dow Jones достигна ново рекордно ниво.

Американскиот претедател Доналд Трамп рано утрово потпиша закон со кој се завршува најдолгото затворање на владата во историјата на земјата, откако Претставничкиот дом поддржа закон со кој се овозможи привремено финансирање на федералните агенции.

Со ова се отстрани голем извор на неизвесност на пазарите. Имено, поради затворањето на федералната влада, од почетокот на октомври нема статистички извештаи што би им покажале на инвеститорите каква е економската состојба. Следната седмица се очекува серија вакви извештаи што би можеле да влијаат на насоката на пазарот.

globe

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел