Авиокомпаниите откажаа 1.200 летови во САД во вторникoт, што е петти ден по ред во кој бројот на откажани летови надмина 1.000 откако владата воведе задолжително намалување на летовите за да се справи со безбедносните проблеми.
Во вторникот, 1.650 летови беа одложени откако 2.900 беа откажани во понеделникот, а 9.600 беа одложени, според FlightAware, веб-страница за онлајн следење на летови.
Федералната администрација за воздухопловство (FAA) им нареди на авиокомпаниите да ги намалат своите дневни летови за 4 отсто почнувајќи од петок, 7-ми ноември, на 40-те главни аеродроми поради недостигот од контролори на летање. Намалувањето се зголеми на 6 отсто во вторникот.
Се очекува намалувањето на летовите да достигне 8 отсто во четврток и 10 отсто во петок, 14-ти ноември. Авиокомпаниите и FAA разговараат кога и како овие намалувања ќе бидат ублажени и на крајот укинати, бидејќи рекордното 42-дневно затворање на владата се приближува кон крајот.
Се дискутираат голем број различни опции за тоа како FAA би можела да го стори ова, изјавија изворите за Reuters.
Министерот за транспорт Шон Дафи им рече на новинарите во Висконсин дека FAA не донела никакви одлуки за намалување на летовите. „Ќе го ублажиме тоа само кога податоците ќе кажат дека треба. Ќе го анализираме“, додаде тој.
Во понеделник вечерта Сенатот поддржа закон со кој се става крај на затворањето на владата и се финансира нејзината работа до 30-ти јануари. Претставничкиот дом треба да го разгледа тоа во среда.
Недостигот од персонал во авиокомпаниите доведе до десетици илјади откажувања и доцнења на летови од 1-ви октомври и почетокот на блокадата на владата. Во текот на викендот, летовите на 1,2 милиони патници беа одложени или откажани поради отсуство на контролори на летање.
Недостигот од персонал во контролата на летање драматично се намали во вторник по серијата проблеми во понеделникот, изјавија претставници на авиокомпаниите за Reuters. FАА соопшти дека во вторникот е пријавен само еден проблем со персоналот.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот се закани дека ќе им ги задржи платите на сите контролори кои не се вратиле на работа и дека ќе ги поздрави отказите за работниците кои земале слободни денови.
Затворањето на владата, најдолго во историјата на САД, принуди 13.000 контролори на летање и 50.000 агенти на Администрацијата за безбедност на транспортот да работат без плата.
На FАА ѝ недостасуваат околу 3.500 контролори на летање. Многумина работат задолжителни прекувремени часови и работат шест дена во седмицата.
Слични новости
Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата
Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година
Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК
Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми


