Дури 15 обвинители ќе го застапуваат обвинението за пожарот во дискотеката Пулс на судењето што започнува следната среда на 19 ноември.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски кажа дека одлуката за зголемување на бројот на обвинители за овој предмет е донесена вчера, со цел како што рече, да не дојде до одлагање на постапката по вина на обвинителството.

Со обвинието опфатени се 34 физички и 3 правни лица, но не и полициските службеници. За нив истрагата се уште ја води Обвинителството за организиран криминал и корупција, а Коцевски најавува дека ќе заврши до почекот на декември.

Во јуни владејачкото мнозинство му изгласа недоверба на Коцевски во Собранието, но тој не е сменет и засега не најавува негова оставка.

Слични новости

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило