Ливерпул минатото лето потроши рекордни 481 милион евра на засилувања, но не ја почна сезоната како што очеуваше. Шампионот на Англија заостанува осум бодови зад првопласираниот Арсенал, а на табелата е дури седми.

Тимот на Арне Слот сезонава прими дури 17 голови, а „црвените“ ќе се обидат да го решат овој проблем со купување на италијанскиот штопер Алесандро Бастони од Интер.

Шпанскиот „Мундо Депортиво“ пренесува дека Ливерпул планира да го доведе Бастони во јануарскиот преоден рок и дека иако играчот е важен за Интер управата на клубот нема да може да ја одбие понудата од 100 милиони евра.

Бастони има 26 години и ја мина школата на Аталанта. Неговото доаѓање во Интер го навестува и заминувањето на Конате во Реал Мадрид следнното лето.  

Слични новости