Вредноста на криптовалутата биткоин на најголемата светска берза на криптовалути Бајненс денеска во 15 часот падна за 2 насто и изнесуваше под 90 000 евра.

Вкупниот обем на трговија во последните 24 часа изнесуваше 62,08 милијарди евра.

Индексот на страв и алчност за биткоин денеска се наоѓаат на нивото 26 во категоријата „страв“ што е влошување во однос на вчера кога имаше ниво на 29 во оваа категорија.

На криптоберзата падна вредноста и на итириумот за 2,22 насто и сега тој изнесува 3.045 евра.  

Изминатиов период криптовалутите бележат постојан пад на берзата, а биткоинот кој на почетокот на годината избесуваше 125 000 евра, сега се продава за цена пониск од 90 000 евра. 

Слични новости

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари во понеделникот на меѓународните пазари, сигнализирајќи дека стравовите на инвеститорите од прекини во снабдувањето се намалија

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел