Кошаркарите на Хјустон Рокетс како гости ја победија екипата на Милвоки Бакс во најинтересниот натпревар во НБА лигата утринава со 122:115.

Натпреварот беше изедначен, а пред крајот на мечот Милвоки се одлепи со предност од 108:100. Но во последните три минути од натпреварот уследи серија на гостите од Хјустон за пресврт и победа на гостите.

Најефикасен кај Хјустон беше Кевин Дурант со 31 кош и 7 асистенции, а Алперен Шенгун постигна 23 поени со 11 скокови.

Најефикасен играч на натпреварот беше Јанис Адетокумбо со 36 коша, но тој беше и трагичар во поразот на Милвоки бидејќи во решавачките моменти на крајот промаши 4 слободни фрлања и имаше загубена топка.

 

Слични новости