На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо се зголеми во понеделникот утрото.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово зајакна за 0,1 отсто, на 99,64 поени.

 

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,35 отсто, на 153,95 јени.

Американската валута стагнира, пак, во однос на европската, па цената на еврото се околу 1,1565 долари, колку што беше во петокот навечер.

Цените на нафтата, пак, надоместија дел од загубите од минатата седмица, кога паднаа за околу 2 отсто. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово зајакна за 0,88 отсто, на 64,20 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,97 отсто, на 60,35 долари.

globe

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел