Над четири ипол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција.
Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници.
„Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, почнавме да го чистиме и речното корито на Вардар, кој тече нормално после долги години. И Плоштадот е исчистен, кејот се третираше целосно, како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симболика за срам на сите нас. Нема да дозволам да се повтори грдата слика што ја гледавме во Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој соопшти дека се изречени над 40 казни и 70 опомени и на физички и на правни лица.
Најави казни за сите оние што во следниот период несоодветно ќе го одлагаат отпадот
Слични новости
Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути


