Италијанецот Марко Безеки на Априлиа победи во трката за Големата награда на Португалија во класата МотоГП, претпоследната трка од светското првенство во мотоциклизам.

Безеки ја оствари втората победа оваа сезона на патеката Портимао, откако во мај победи во Силверстоун, во Велика Британија.

Италијанецот победи со време од 2,58 секунди подобро од Шпанецот Алекс Маркез на Дукати-Гресини, додека Шпанецот Педро Акоста на KTM го освои третото место, со 3,1 секунда заостанување.

Титулата на светскиот шампион ја обезбеди уште порано Шпанецот Марк Маркез на Дукати, кој не се натпреваруваше во Португалија поради повреда на клучната коска.

Маркез води со 545 поени, неговиот брат Алекс е втор со 445 поени, додека Безеки е трет со 323 поени. Последната трка во сезоната се вози во Валенсија на 16 ноември.

МотоГП – резултати:
1. Марко Безеки (Италија/ Априлиа) 41:13.610
2. Алекс Маркез (Шпанија/ Дукати-Гресини) + 2.583
3. Педро Акоста (Шпанија/ КТМ) 3.188
4. Фермин Алдегер (Шпнија/ Дукати-Гресини) 12.860
5. Бред Биндер (ЈАР/КТМ) 16.327
6. Фабио Квартаро (Франција/Јамаха) 18.442

Генерален пласман:
1. Марк Маркез (Шпанија/ Дукати) 545 поени
2. Алекс Маркез (Шпанија/ Дукати-Гресини) 445
3. Марко Безеки (Итакија/ Априлиа) 323
4. Франческо Багнаја (Итакија/ Дукати) 288
5. Педро Акоста (Шпанија/ КТМ) 285…

globe

Слични новости