Локалниот персонал во некои американски воени бази во Италија не ги добил своите плати поради затворањето на американската влада, додека Рим преговара со американските власти за решавање на проблемот, соопшти италијанското Министерство за надворешни работи во саботата.
Околу 2.000 невоени италијански службеници, главно во воздухопловната база Авијано и воената база Виченца во североисточна Италија, не ги добиле своите плати за октомври и покрај тоа што се вработени според италијански договори за вработување, соопшти министерството.
Италијанскиот персонал во базите на американската морнарица во земјата ги добиле своите плати навреме, бидејќи морнарицата применува различни правила.
Во Соединетите држави рекордно долгото ткн „затворање“ на владата остави милиони федерални вработени без плата, ги запре клучните програми за помош во храна и го наруши воздушниот сообраќај.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани ги повика и Вашингтон и американската амбасада во Рим да дејствуваат брзо, без оглед на тоа кога ќе заврши затворањето.
„Италијанското министерство за надворешни работи поднесе барање до американската амбасада во Рим, кое потврди дека американската армија и американските воздухопловни сили ја проверуваат со Пентагон можноста за користење на нивните средства за исплата на плати на италијанските вработени“, соопшти министерството.
Слични новости
Зеленски: На Украина ѝ недостигаат 800 милиони долари до крајот на годината за оружје
На Украина ѝ недостигаат околу 800 милиони долари за да купи американско оружје до крајот на оваа година со помош на европските сојузници, изјави...
Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата
Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година
Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК
Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија


