ЛА Лејкерс ја продолжија победничката низа со тесна победа врз Сан Антонио од 118:116. Лука Дончиќ даде 36 коша со 13 асистенции, 9 скокови и 5 украдени топки, за петтата последователна победа на Лејкерси.  

Лејксери го завршија натпреварот со серија од 21:10 и така стигнаа до победата, иако настапија без двајца играчи од првата петорка Остин Ривс и Леброн Џејмс.

Добра партија во тимот на Лејкерси имаше и центарот Деандер Ајтон со 22 коша и 10 скокови.

Виктор Вембенјама постигна 19 коша со слаб шут 5 од 14, а Васел и Касл постигнаа 16, односно 15 поени кај Сан Антонио, кои по стартот од пет победи во низа, го забележаа и вториот последователен пораз.

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето