Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос за Извештајот на ЕК за Македонија изјави дека од истиот е задоволен и дека нема назадување, а за периодот кој што следи најави сериозни реформи во правосудството.
„Исклучително сум задоволен, бидејќи нема назадување, има стагнација во одредени области и тоа ние сите го зборуваме, тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, затоа нонстоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет, во обвинителството… Сега веќе по завршувањето на изборите многу посериозно ќе се таа тема, изјави Мицкоски и додаде:
„Генерално можам да го оценам како добар. Инаку, неможам да се сложам со констатацијата дека има некои други земји кои што се пред нас. На пример ние сме многу пред Албанија условно кажано дури во 8 области сме пред Албанија, иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваа. Кога ќе се анализира состојбата на државата кој е спремен кој не е спремен, објективната оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово…’, појасни Мицкоски.
Мицкоски истакна дека владата е реформска и дека има многу работи кој што треба да се пофалат.
“Оваа Влада е реформска, ме охрабруваат пораките за реформи во делот на економијата, ве делот борба против перењето пари, воведувањето на заедничкиот платежен систем СЕПА, Царината, Роаминг фри ќе биде имнплементиран во периодот што следи, има многу работи кој што треба да се пофалат, јас сум задоволен и тоа ме охрабрува’, истакна премиерот.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


