Полска е во преговори за зголемување на увозот на течен природен гас (LNG) од САД за снабдување на Украина и Словачка, со што дополнително ќе се зајакнат врските на Европската унија со американските производители на енергија, изјавиле за Reuters два извора запознаени со разговорите.

„Работиме со нашите партнери – Американците, Словаците, Украинците – за можностите за увоз на американски гас за зголемување на енергетската безбедност на нашиот регион“, изјавиле за Reuters доцна ноќта во средата од полското Министерство за енергетика, потврдувајќи ги разговорите.

Се очекува официјалните лица да издадат заедничка декларација за зголемување на увозот откако вклучените страни ќе се сретнат на трансатлантската конференција за енергетија во Атина подоцна оваа седмица, според еден од соговорниците на агенцијата.

„Потоа ќе има разговори за условите за испорака на Словачка“, изјавил изворот за Reuters.

Потенцијалните количества треба да се испорачаат на југ преку Полска би можеле да достигнат и до четири до пет милијарди кубни метри гас годишно, приближно еднакво на годишната потрошувачка на гас во Словачка, рекле изворите.

Се очекува ова да биде најновиот во серијата енергетски договори постигнати меѓу европските и американските владини претставници и компании по притисокот од Вашингтон за зголемување на извозот на американски гас и нуклеарна технологија во Европа.

Европската унија во октомври откри нови планови за прекин на снабдувањето со руска нафта и гас, со нов пакет санкции што го забранува увозот на руски течен природен гас (LNG) од 2027 година.

Некои членки на ЕУ сè уште купуваат руски енергенси, а воедно ја поддржуваат Украина во нејзината војна. Словачка и Унгарија се обидуваат да балансираат во својот статус на сојузници на Вашингтон со нивниот увоз на руски енергенси, што предизвика критики од американскиот претседател Доналд Трамп.

Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, им испрати на европските министри приватно во септември „многу силна порака за сигурноста на САД како енергетски партнер и интересот на САД за поголема соработка со Европа“, рекол за Reuters поранешен дипломат.

Истиот месец, американскиот министер за внатрешни работи, Даг Бургум, се сретна со италијанскиот министер за енергетика и вети дека ќе ги продлабочи врските со зголемување на продажбата на американски течен природен гас. Набрзо италијанската компанија „Edison“ потпиша 15-годишен договор за снабдување со течен природен гас.

Потоа Рајт се сретна со полските и словачките претставници во Виена. Словачка потпиша договор со САД на 7-ми октомври за нова нуклеарна централа.

Потрошувачката на течен природен гас во Европската унија достигна историски нивоа оваа година, при што САД моментално снабдуваат околу 55 отсто од европската потрошувачка, во споредба со 27 отсто во 2021 година. Целосната замена на увозот на руски гас со американски течен природен гас би го зголемила тој удел на повеќе од 80 отсто, според пресметките на Reuters во кои сепак не се дадени разликите во исплатите на рускиот гас преку цевководи и американскиот LNG кој се испорачува со бродови и на специјални терминали кои забрзано се градат во европските земји.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица