Американскиот претседател Доналд Трамп во средата призна дека резултатите од неколку избори на кои победија демократите биле лоши за неговата Републиканска партија.
„Синоќа, знаете, не се очекуваше победа, тие беа многу демократски области, но не мислам дека беше добро за републиканците“, рече тој за време на состанокот во Белата куќа со сенатори од партијата.
„Не сум сигурен дека беше добро за некого. Но, имавме интересна вечер и научивме многу, и ќе разговараме за тоа“, додаде Трамп.
Трамп ги даде коментарите неколку часа откако демократските кандидати ги победија републиканските противници на гувернерските трки во Вирџинија и Њу Џерси во вторникот. Но, фокусот беше на Њујорк, каде што Зохран Мамдани победи во градоначалничката трка.
Мамдани, кој се идентификува како демократски социјалист, ќе биде првиот муслимански градоначалник на градот и најмладата личност што ја држи оваа позиција од XIX век.
Победите ѝ даваат на Демократската партија, којашто сѐ повеќе се идентификува како централно-левичарската партија, многу потребен импулс пред среднорочните избори за Конгресот на САД следната година, каде што се надеваат дека ќе им одземат на републиканците барем еден од двата дома.
Трамп се обиде да се вмеша во претседателската трка во Њујорк, предупредувајќи дека ако „комунистичкиот кандидат“ победи, ќе го намали федералното финансирање за најнаселениот град во земјата. Трамп, кој постојано го критикуваше Мамдани, не ја спомена неговата победа на состанокот во Белата куќа, пренесува Reuters.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


