Фудбалскиот клуб Џенова го именуваше Даниеле Де Роси за нов тренер, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Фудбалиталиа пренесе дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција да го продолжи договорот доколку обезбеди опстанок во Серија А.

Поранешната легенда на Рома Де Роси ќе ја предводи екипата в недела на натпреварот со Фиорентина.

Џенова на први ноември го отпушти тренерот Патрик Виеира, затоа што тимот немаше ниту една победа во првите девет кола од Серија А.

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето