Речиси половина од Американците го сметаат огромниот трговски дефицит со други земји како знак на економска криза, покажа анкета нарачана од Сојузот за американско производство чиишто резултати објавени во вторникот.

Резултатите од анкетата беа објавени еден ден пред Врховниот суд да ја испита легалноста на тарифите наметнати од претседателот Доналд Трамп според вонредното законодавство, забележува Reuters.

Анкетата покажа дека 47 отсто од испитаниците го сметаат тврдокорно високиот трговски дефицит на САД со остатокот од светот за знак на криза.

Граѓаните од различни политички убедувања го делат своето мислење, според резултатите од анкетата, кои покажаа дека 47 отсто од демократите и 57 отсто од републиканците го сметаат големиот трговски дефицит за знак на криза.

Група предводена од синдикатот на Обединетите челичари и домашните производители изјави дека 40 отсто од анкетираните 2.202 возрасни лица веруваат дека трговските дефицити ѝ штетат на американската економија и ја поткопуваат националната безбедност.

Спротивно на тоа, 20 отсто ги гледаат трговските дефицити како знак на економска сила, при што силната побарувачка ја движи глобалната трговија.

Останатите 40 отсто или не мислат дека ниту една од тие проценки е точна или не мислат дека се доволно информирани за да го кажат тоа, соопшти групата.

Анкетата беше спроведена кон средината на октомври од страна на компанијата „Morning Consult“ и има маргина на грешка од плус или минус два отстони поени.

Врховниот суд ќе ги слушне усно аргументите во среда за легалноста на царините што Трамп ги воведе на речиси секоја земја. Понискиот суд пресуди дека претседателот ги пречекорил своите овластувања во повеќето царини, повикувајќи се на Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби од 1977 година (IEEPA).

Трамп е првиот претседател што при воведувањето на царините се повика законот, тврдејќи дека трговскиот дефицит на САД од 1,2 трилиони долари во 2024 година значи дека земјата е во криза.

Законот за вонредни овластувања беше најбрзата опција на Трамп за воведувањето царини на земјите со кои САД имаат долгогодишен трговски дефицит и за одделни давачки за Кина, Канада и Мексико за сузбивање на нелегалната трговија со фентанил и други нелегални дроги.

Доколку Врховниот суд ги укине царините, предупреди министерот за финансии Скот Бесент во едно од скорешните интервјуа, владата едноставно ќе прибегне кон други овластувања за воведување царини, вклучително и Членот 122 од Законот за трговија од 1974 година, кој дозволува генерални тарифи од 15 отсто во текот на 150 дена за решавање на трговските нерамнотежи.

globe

Слични новости

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков