„На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор, ниту за игралиште“, вака претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја искоментира објавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која на последната посета на Скопје повторно побара спроведување на уставните измени со цел продолжување на европскиот пат на Македонија.
Претседателката порачала дека топката е инструмент за игра и дека за игра се потребни двајца.
-Играта секогаш се одвива по точно утврдени правила. Правилата не се менуваат во текот на играта, што ни се случи нам. Е сега, што ако е топката од офсајд или што ако е топката со фаул фрлена во игралиштето? Или, што ако голов е празен, нашиот беше празен, па го полнеа, го полнеа, мрежата се искина. Значи, правилата во играта се однапред утврдени. Тоа е прво. Второ, кога мене ме прашуваат однадвор – дали ќе го смените Уставот, јас не можам таква гаранција да дадам, јас велам не сум јас Јован Безземја, не сум јас апсолутен монарх. Значи, парламентот тоа го прави. А пратениците гласаат по сопствено уверување и ги претставуваат граѓаните, не мене и не ЕУ. Да бидам искрена. Значи кога вие велите сменете го Уставот, професорот во мене вели вака – „кога вака ми велите мене, морате да го смените Уставот“, вие ми велите – „заборавете на парламентарната демократија, оти таа има неизвесен резултат“… Е сега, тоа е нешто што ме тера на следново. Да подразмислиме, како можело во Преговарачката рамка и во заклучоци да влезат одредби од записник…, рече Сиљановска-Давкова во гостувањето на емисијата „360 степени“ на „МРТ“.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


