На Волстрит се тргуваше претпазливо во понеделникот, при што индексот Dow Jones падна, додека S&P 500 и Nasdaq пораснаа, благодарение на растот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти.
Индексот Dow Jones падна за 0,48 отсто на 47.336 поени, но S&P 500 доби 0,17 отсто на 6.851 поен, а индексот Nasdaq порасна за 0,46 отсто на 23.834 поени.
Порастот на Nasdaq во голема мера се должи на скокот од 4 отсто на цената на акциите на „Amazon“, по веста за бизнис договор меѓу технолошкиот гигант и „OpenAI“ вреден 38 милијарди долари.
Цената на акциите на „Nvidia“, исто така“ значително се зголеми, за повеќе од 2 отсто, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најнапредните чипови од овој производител ќе бидат резервирани само за американски компании и дека продажбата во Кина и други земји нема да биде дозволена.
И додека Nasdaq значително порасна, индексот Dow Jones ослабе поради падот на цените на акциите на фармацевтските компании „UnitedHealth Group“ и „Merck“ за меѓу 2 и 4 отсто.
Инвеститорите ги следеа кварталните деловни извештаи од компаниите последните седмици, но им недостигаа макроекономските извештаи бидејќи федералните агенции сè уште се затворени бидејќи републиканците и демократите не успеваат да се договорат за финансирање на тие агенции.
Досега, повеќе од 300 компании од индексот S&P 500 ги објавија своите квартални деловни извештаи, при што околу 83 отсто од нив остварија поголема заработка од очекуваната.
Затоа аналитичарите во анкета на Reuters сега проценуваат дека заработката кај компаниите во индексот S&P 500 се зголемила за повеќе од 10 отсто во третиот квартал во споредба со истиот период минатата година, додека на почетокот на сезоната на финансиски извештаи очекуваа раст од 8,8 отсто.
Ова го поддржува пазарот, но од друга страна, инвеститорите се претпазливи поради различните изјави дадени од претставниците на американската централна банка за каматните стапки.
Откако Федералните резерви ги намалија каматните стапки за 0,25 отстони поени минатата седмица, како и во септември, некои челници на централните банки велат дека се склони да ги намалат каматните стапки на состанокот во декември, додека други веруваат дека инфлацијата е сè уште далеку над целните нивоа на Федералните резерви и дека затоа е потребно да се почека развојот на настаните во економијата пред понатамошно прилагодување на монетарната политика.
Обемот на тргување под просекот укажува на претпазливост на инвеститорите. На американските берзи, вчера се сменија сопственици околу 19,6 милијарди акции, во споредба со просекот од 21,11 милијарди во текот на изминатите 20 дена.
Цените на акциите паднаа на повеќето европски берзи вчера. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,16 отсто на 9.701 поен, додека парискиот CAC падна за 0,14 отсто на 8.109 поени. Франкфуртскиот DAX доби 0,73 отсто на 24.132 поени.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


