Манчестер Сити го победи Борнмут со 3:1 на својот стадион „Етихад“, што ги турна „Граѓаните“ на второто место на табелата. Ерлинг Халанд постигна два гола за Сити, во 17. и во 33. минута, а за двата гола асистираше Рајан Черки. Нико О’Рајли го постигна третиот гол за домашниот тим во 60. минута. Тајлер Адамс го постигна во тој момент израмнувачкиот гол за гостите во 25. минута.

Тимот на Пеп Гвардиола се најде на второто место со 19 бода, шест бода зад лидерот Арсенал. Ливерпул и Борнмут имаат по 18 бода.

Вест Хем Јунајтед ја прекина серијата од три пораза, победувајќи го Њукасл Јунајтед со 3:1 на Олимпискиот стадион во Лондон во неделниот натпревар од 10-то коло на англиската Премиер лига.

Гостите поведоа во 4. минута со голот на Џејкоб Марфи, но пресвртот следеше до крајот на првото полувреме. Лукас Пакета израмни во 35. минута а автоголот на Свен Ботман им донесе водство на „Чеканите“ во петтата минута од судиското продолжение. Томаш Соучек ги постави конечните 3:1 во осмата минута од дополнителното време на крајот од второто полувреме.

Ова е само втора победа на Вест Хем во новата сезона, а со седум бода моментално се наоѓаат на 18-то место. Њукасл Јунајтед е на 13-та позиција со 12 бода.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0