Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори 2025, своето право на глас го оствариле 325.691 гласач, што претставува 45,71 отсто излезност на ниво на цела држава.

Членот на ДИК, Оливер Кондрако, ги објави процентите по општини, при што најголема излезност е забележана во Демир Капија и Дојран (по 72%), како и во Крушево (68%) и Долнени (65%), додека најниска е во Куманово (33%) и Шуто Оризари (30%).

По општини, излезноста е следна:
Аеродром 42%, Боговиње 59%, Дебар 41%, Дебарца 60%, Демир Капија 72%, Дојран 72%, Долнени 65%, Зрновци 54%, Карпош 48%, Кичево 51%, Конче 70%, Кочани 40%, Крушево 68%, Куманово 33%, Македонски Брод 54%, Шуто Оризари 30%.

Во Град Скопје, каде се гласа во десет општини, од вкупно 474.304 запишани гласачи, на гласање излегле 160.131 лице, што претставува 33,82% излезност.

Кондрако оцени дека гласањето во најголем дел поминало мирно и без значајни инциденти, а резултатите од вториот круг се очекува да бидат објавени по завршувањето на пребројувањето на гласовите.

globe

Слични новости

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија