Актуелниот англиски шампион Ливерпул синоќа на Енфилд ја победи Астон Вила со 2:0 и ја прекина црната низа од четири последователни порази во Премиер лигата.

Во моментов Ливерпул има 18 бодови и ја зазема третата позиција на табелата, но Манчестер сити има натпревар помалку.

Ливерпул не изгледаше добро на почетокот на мечот, откако гостите на два пати ја погодија стативата, но „црвените“ дојдоа во водство во првото полувреме по груба грешка на голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез, кој му додаде топка на Салах кој ја спроведе во празната мрежа.

Победата на Ливерпул ја потврди Рајан Гравенберг во 58 минута, по силен удар надвор од шеснаесетникот.

 

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0