Дијабетичарите кои сакаат да ги збогатат своите паричници можеби ќе сакаат да размислат за преминување на веганска исхрана, советува Лекарската комисија за одговорна медицина (PCRM) со седиште во Вашингтон.

Резултатите од студијата на комисијата, објавени во списанието BMC Nutrition, откриле дека пациентите со дијабетес тип 1 кои јаделе претежно веганска храна со малку маснотии имале потреба од околу 28 отсто, или 12,1 единици, помалку инсулин дневно од другите пациенти, додека заштедуваат околу 1,08 долари дневно на нивните лекови.

„Веганската исхрана со малку маснотии може да ја намали и употребата на инсулин и трошоците за купување инсулин кај пациенти со дијабетес тип 1“, напишаа истражувачите во својот труд.

„Намалената употреба на инсулин кај веганската група пациенти е веројатно одраз на подобрена чувствителност на инсулин, или колку добро организмот реагира на инсулин“, велат лекарите, додавајќи дека инсулинската резистенција е „многу подложна на влијанието на мастите во исхраната, што може да спречи гликозата да влезе во клетките“.

Луѓето со дијабетес тип 1 обично мораат да си инјектираат инсулин секојдневно, за разлика од оние со дијабетес тип 2 кои треба само да внимаваат на исхраната.

Пациентите со дијабетес тип 1 и инсулинска резистенција мораат да земаат повеќе инсулин од другите во истата категорија болести.

Но, јадењето веганска храна, иако е помалку вкусна или дури и одбивна за многумина, се чини дека придонела за она што истражувачите го нарекуваат „подобрена чувствителност на инсулин и контрола на гликемијата, како и подобрени нивоа на холестерол и функција на бубрезите“.

Според Американското здружение за дијабетес, цената на инсулинот се зголемила за 24 отсто од 2017 до 2022 година, пораст што следел по поширока спирала на инфлација на потрошувачите и цените на храната што следела по заклучувањето од коронавирусот и руската инвазија на Украина.

„Како што цените на инсулинот продолжуваат да растат, пациентите со дијабетес тип 1 треба да размислат за преминување на веганска исхрана со многу малку маснотии, што би можело да помогне во подобрувањето на чувствителноста на инсулин и намалувањето на дневните потреби за инсулин, потенцијално заштедувајќи им стотици долари годишно“, вели Хана Калеова, директорка за клинички истражувања во PCRM.

Лекарската комисија за одговорна медицина (PCRM) е непрофитна истражувачка организација со седиште во Вашингтон. Посветена е на „ефикасна медицинска пракса, истражување и промоција на здравјето“. Основана во 1985 година, оваа непрофитна организација моментално има речиси амилион членови, вклучувајќи 17.000 лекари.

globe

Слични новости

Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост

Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост

Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година