Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација (TFF) суспендираше 149 судии за периоди од осум до 12 месеци поради обложување на исходи од натпревари, додека против уште тројца се во тек постапки.

Истрагата на TFF покажа дека од 571 судии лиценцирани за судење натпревари во професионалните лиги на Турција, 371 имаат сметки за спортско обложување, а 152 активно се обложуваат. Од судиите вклучени во скандалот, 22 (седум главни судии и 15 линиски судии) суделе натпревари во турската прва лига.

 

 

„Судењето е чесна професија и секој што ја оцрнува таа чест никогаш повеќе нема да учествува во турскиот фудбал“, се закани во четвртокот претседателот на TFF, Ибрахим Хачиосманоглу.

Федерацијата додаде дека десет судии се обложувале на повеќе од 10.000 настани секој, додека бројот на оние кои се обложувале на најмалку 1.000 настани е 42.

Не е познато дали некој од суспендираните судии се обложувал и на натпревари што ги суделе.

globe

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа