Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот повтори дека САД ќе продолжат да тестираат нуклеарно оружје, но не одговори директно на прашањето дали тоа ќе ги вклучува традиционалните подземни нуклеарни тестови што беа вообичаени за време на Студената војна.
„Ќе дознаете многу наскоро, но ќе направиме некои тестирања“, им рече Трамп на новинарите кои го следеа на летот со претседателскиот авион „Air Force One“ кон Палм Бич, во сојузната држава Флорида, како одговор на прашањето за подземните нуклеарни проби.
„Други земји го прават тоа. Ако тие го прават тоа и ние ќе го правиме тоа, во ред?“, додаде американскиот претседател
Трамп во четвртокот изјави дека ѝ наредил на американската војска веднаш да го рестартира процесот на тестирање нуклеарно оружје по 33-годишна пауза, во она што се оценува како порака до Кина и Русија, нуклеарните ривали на САД.
Трамп го објави ова на својот профил на социјалната мрежа Truth Social додека леташе со претседателскиот хеликоптер „Marine One“ во четвртокот на средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејскиот град Бусан.
Не е јасно дали тој мислел на проби за нуклеарна експлозија, кои можеби ги спроведува Националната администрација за нуклеарна безбедност, или на тестови за летови на ракети способни да носат нуклеарно оружје.
Ниту една нуклеарна сила, со исклучок на Северна Кореја и тоа последниот пат во 2017 година, не спровела тест за нуклеарна експлозија повеќе од 25 години.
Слични новости
Трамп: Казната на ЕУ за „Икс“ е гнасна
Трамп кој ја нарече казната на ЕУ регулаторите гнасна, порача дека Европа се движи во лоши правци и дека треба да биде многу внимателна.
Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.
Зеленски: На Украина ѝ недостигаат 800 милиони долари до крајот на годината за оружје
На Украина ѝ недостигаат околу 800 милиони долари за да купи американско оружје до крајот на оваа година со помош на европските сојузници, изјави...


