Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за наводен поткуп, притисоци и злоупотреба на институциите врз кандидатите на опозицијата.

Мицкоски вели дека овие локални избори се „најтранспарентни, најдемократски и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија“.

„Тоа што одделни политичари имаат проблем со Фројд па совеста работи, и мислат дека тоа што тие би го правеле и го проектираат на политичкиот противник е така, мислам дека тој начин на однесување не е добар и мислам дека тоа не носи поени“,рече Мицкоски во изјава за медиуми на денешниот митинг во Центар.

 

Премиерот истакна дека доколку СДСМ има каков било индикатор за злоупотреби, слободно може да го контактира и да пријави за да се изврши проверка, но тој е убеден дека такво нешто не постои и е надвор од неговата лична филозофија.

Обраќајќи се, пак, од митинг во Македонска Каменица, Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање в недела во вториот круг, нагласувајќи „додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина“.

Го потенцираше, како што рече, историскиот резултат на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, каде коалицијата има победа на советничките листи во 59 општини, вклучувајќи го и Град Скопје, како и веќе избраните 33 градоначалници.

„Јас очекувам во сите 24 општини да победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Со победата на Орце Ѓорѓиевски во Град Скопје, да се заокружи бројката од 60 градоначалници, што е исто така историски резултат што никогаш не е направен во Македонија“, рече Мицкоски.

Ги повика граѓаните кои се двоумат да излезат и да гласаат, за да не дозволат некој друг да одлучува за нивната иднина, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се бори подеднакво за секоја општина.

globe

Слични новости

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило