Италијанскиот фудбалски стручњак, 66-годишниот Лучијано Спалети е новиот тренер на Јувентус, објави торинскиот клуб.

Спалети доаѓа во Јуве откако хрватскиот стручњак Игор Тудор беше отпуштен претходно оваа седмица. Тој потпиша договор до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување доколку „бјанконерите“ се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона.

Според италијанските медиуми, Спалети ќе заработи околу три милиона евра.

Спалети неодамна беше главен тренер на италијанската репрезентација, но беше отпуштен на почетокот на летото по поразот од Норвешка (0:3) во квалификациите за Светското првенство. Во текот на кариерата, ги водеше и Наполи, Интер, Рома, Зенит, Удинезе, Анкона…

Најголемиот успех го постигна на клупата на Наполи, освојувајќи го „скудетото“ во 2023 година, исто така освои две титули во руското првенство со Зенит, додека на клупата на Рома освои два Купа на Италија.

Јувентус моментално е на седмото место во Серија А со 15 бода, шест зад Наполи и Рома.

globe

Слични новости

Голем пресврт на Милан во Торино

Голем пресврт на Милан во Торино

Милан се врати на врвот на табелата во италијанското првенство по големиот пресврт во последниот натпревар од 14-то коло одигран во понеделникот вечерта, како гостин победувајќи го Торино со 3:2