Кина одобри договор за пренос на сопственоста на апликацијата TikTok, изјави во четвртокот американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува напредок во наредните седмици и месеци.

„Го финализиравме договорот за TikTok во Куала Лумпур во однос на добивањето кинеско одобрение и очекувам тоа да продолжи во наредните недели и месеци и дека конечно ќе имаме решение за ова“, изјави Бесент за Fox Business Network откако американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со кинескиот лидер Кси Џинпинг.

Кинеското министерство за трговија претходно во четвртокот изјави дека Кина правилно ќе ги реши проблемите со TikTok со САД.

Апликацијата за кратки размена на кратки видеа TikTok, во сопственост на кинеската компанија „ByteDance“, сè уште не коментираше за ова прашање.

Судбината на апликацијата, која ја користат 170 милиони Американци, е неизвесна повеќе од 18 месеци откако американскиот Конгрес донесе закон во 2024 година со кој се бара од кинеските сопственици на TikTok да ја продадат апликацијата до јануари 2025 година.

На 25 септември, Трамп потпиша извршна уредба во која се вели дека планот за продажба на TikTok на американски и глобални инвеститори ги исполнува барањата за национална безбедност утврдени во законот од 2024 година и им даде 120 дена да го завршат преносот на сопственост. Тој, исто така, го одложи спроведувањето на законот до 20 јануари.

Според извршната наредба, TikTok ќе биде во мнозинска сопственост и контролиран од американски субјекти.

Договорот за операциите на TikTok во САД му овозможува на „ByteDance“ да назначи еден од седумте членови на новиот одбор на директори, додека Американците ќе ги задржат преостанатите шест места. „ByteDance“ ќе остане со помалку од 20 отстен удел во TikTok според договорот.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица