Германскиот бруто домашен производ (БДП) стагнираше во третиот квартал, покажаа прелиминарните бројки од статистичката служба објавени во четвртокот, што укажува дека најголемата економија во Европа избегнала рецесија.

Во периодот од јули до септември, сезонски прилагодената активност во германската економија остана на нивото од претходните три месеца, кога падна за ревидирани 0,2 отсто, откри Destatis.

 

На тој начин, Германија тесно избегна рецесија, која се дефинира како пад на активноста во два последователни квартала. Економијата излезе од рецесија во третиот квартал од минатата година, според статистичката служба.

Инвестициите на компаниите беа „позитивни“ во третиот квартал, додека извозот се намали во споредба со претходните три месеца, соопштија статистичарите.

Годишната споредба покажува раст на активноста во периодот од јули до септември за само 0,3 отсто, според податоците прилагодени на календарот и цените, што укажува дека активноста расте со стабилно темпо од почетокот на оваа година.

globe

Слични новости

Европските и азиските инвеститори претпазливи пред одлуките на Fed

Европските и азиските инвеститори претпазливи пред одлуките на Fed

На европските берзи се тргуваа претпазливо во средата претпладнето, како и на азиските берзи, додека инвеститорите чекаат одлуки и пораки од состанокот на американската централна банка за каматните стапки

Цените на среброто соборуваат рекорди

Цените на среброто соборуваат рекорди

Индустриската побарувачка за среброто нагло порасна, пред се за потребите на соларните панели, електирчните возила и електрониката. Од друга страна, производството во рудниците не успева да ја следи потрошувачката што создава дефицит на сребро.