Кошаркарите на израелскиот Хапоел Тел Авив продолжија со победите во Евролигата, како домаќини во Софија во натпреварот од седмото коло го победија белградски Партизан со 97:84.

Ова веќе беше шеста победа на Хапоел оваа сезона, и е сам на врвот на табелата. Колин Малколм постигна 17 поени за Хапоел, додавајќи четири скока и четири асистенции. Имаше многу добра поддршка во Дан Отур, кој постигна 14 поени и имаше шест скока. Најдобар играч на Партизан беше Стерлинг Браун со 19 поени, четири скока, три асистенции и три украдени топки.

 

Во Пиреја, Монако беше подобар од Олимпијакос со 92:87. Алфа Дијало постигна 27 поени за гостите, додавајќи три скока и асистенции. Мајк Џејмс беше стандардно добар во дресот на Монако, завршувајќи го дуелот со 23 поени, дури 10 асистенции и три скока. Прво име за Олимпијакос беше Тајлер Дорси кој постигна 23 поени со пет асистенции и три скока.

Хапоел води на табелата со сооднос победи и порази 6-1. Жалгирис, Црвена ѕвезда и Панатинаикос имаат 5-2, а Париз, Валенсија, Олимпијакос, Монако, Барселона и Виртус Болоња имаат 4-3.

globe

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето