Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во среда дека нема да се кандидира за трет мандат, што е значајна промена по месеци објавување на идејата и покрај уставните ограничувања.
Трамп, кој е познат по тоа што се премислува за важни прашања, разговараше со новинарите на летот со претседателскиот авион „Air Force One“ за време на неговата турнеја низ три земји во Азија.
Неговото повремено нафрлување со оваа идеја ги вознемири противниците и уставните експерти, кои велат дека трет мандат би го тестирал 22-от амандман, кој вели дека никој не може да биде избран за претседател повеќе од двапати.
Инаку, 22-от амандман на Уставот на САД, усвоен во 1947 година, предвидува дека никој не може да биде избран повеќе од двапати на функцијата претседател.
„Ако го прочитате, сосема е јасно – не ми е дозволено да се кандидирам. Штета е, но имаме многу одлични луѓе“, рече Трамп, додавајќи дека смета оти потпретседателот ЏејДи Венс и државниот секретар Марко Рубио би биле „незапирливи“ ако се кандидираат заедно во 2028 година.
Сега 79-годишниот Трамп често одбива да ја исклучи можноста за трет четиригодишен мандат во 2028 година. Тој често најавува трет мандат на своите собири и им дели капи „Трамп 2028“ на своите пријатели од Белата куќа.
Неговите последни коментари дојдоа ден откако неговиот близок политички сојузник, претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, рече дека се сомнева во можноста за измена на Уставот.
„Не гледам начин да се измени Уставот, бидејќи се потребни околу десет години за да се направи тоа, за да им се овозможи на сите (сојузни) држави да ратификуваат нешто што две третини од Претставничкиот дом и три четвртини од државите би го одобриле“, рече Џонсон, поранешен уставен адвокат, кој исто така претходно оваа година рече дека Трамп ги разбира правните пречки за извршување трет претседателски мандат.
Слични новости
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе


