Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите врз Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска, а имињата на неговиот најблизок соработник Жеља Цвијановиќ, член на Претседателството на БиХ, и голем број други лица и компании беа отстранети од списокот на санкционирани лица.

Одлуката за укинување на санкциите беше објавена на веб-страницата на Министерството за финансии на САД во среда, односно на неговата Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC).

Таму, покрај Додик и Цвијановиќ, беа наведени имињата на уште 28 лица чии санкции беа укинати, а ова се однесува на синот на Додик, Игор, и ќерката Горица, претседателот на Парламентот на Република Српска, Ненад Стевандиќ, и голем број сегашни и поранешни функционери во ентитетите и властите на БиХ, вклучувајќи го и Синиша Каран, кој е кандидат на партијата на Додик на предвремените избори за претседател на ентиетот закажани за 23 ноември.

Од списокот санкционирани беа отстранети и голем број компании поврзани со семејството Додик, кои претходно беа казнети поради сомневање дека нивните средства се користат за финансирање на владата на Додик и неговите наводно незаконски дејствија.

„Ова е доказ дека стануваме фактор со кој сериозно можеме да сметаме и да разговараме“, рече претседателот на парламентот на ентитетот, Стевандиќ, во првата реакција.

Причините за укинување на санкциите не се наведени, а оваа мерка следеше по прифаќањето од страна на Додик да се повлече од функцијата претседател на Република Српска и повлекувањето на законот донесен од парламентот на ентитетот во декември 2024 година, кои во Сараево се толкуваа како обид да се спречи работењето на државните судски и полициски органи.

САД првпат воведоа санкции против Додик во 2017 година за време на администрацијата на Барак Обама, а тие подоцна беа зајакнати бидејќи тој беше обвенет за наводно поткопување на Дејтонскиот договор, а беше етикетиран и како лице вмешано во корупција.

Иако САД ги укинаа санкциите против него, сè уште му е забранет влез во Словенија, Австрија, Германија, Полска, Литванија и Естонија.

globe

Слични новости

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков