Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).
Таа нагласи дека Предлог буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација.
Фискалната политика за 2026 година, потенцираше, ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност.
„ Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг“, рече министерката за финансии.
Слични новости
Француската понуда на електрична енергија ја надмина побарувачката
Франција има вишок капацитет за електрична енергија поради намалената индустриска потрошувачка и поголемата понуда на енергијата од обновливи извори и од нуклеарните централи
Европските инвеститори претпазливи, пад на технолошкиот сектор
Европските берзи тргуваат претпазливо во четврток во претпладневното тргување, бидејќи инвеститорите се загрижени за послабите од очекуваните деловни резултати на „Oracle“, што го става намалувањето на каматната стапка од страна на американските Федерални резерви во втор план
Доларот под притисок, цените на нафтата благо паднаа
а валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна во раното претпладневното тргување во четвртокот, по одлуките и пораките на централната банка на САД


